klik.world
Kultura Sjeverna Makedonija

Демантирани гласини околу продолженијата на „Бетмен“

Демантирани гласини околу продолженијата на „Бетмен“
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Слаѓана Бојановска·10. 08. 2026. 07:00:20

Додека режисерот Мет Ривс е зафатен со работа на продолжението на „Бетмен“, шефот на студиото на „Ди-си“ (DC), Џејмс Ган разреши еден од најголемите сомнежи меѓу обожавателите. Иако обожавателите сакаат што поскоро да го видат и третиот дел од приказната со Роберт Патинсон во насловната улога, Ган јасно ги отфрли гласините дека вториот и третиот дел од трилогијата ќе бидат снимани еден по друг. Во последните денови на социјалните мрежи се ширеа шпекулации дека „Бетмен: II дел“ и „Бетмен: III дел“ би можеле да бидат снимани истовремено. Сепак, Ган им стави крај на ваквите тврдења во разговор со обожавателите на социјалната мрежа „Тредс“. Имено, прашан од корисник - дали може да ги потврди или отфрли податоците дека вториот и третиот филм ќе бидат снимани еден по друг, тој кратко одговори дека ги негира наводите. Патинсон дури и се пошегува за долгото чекање на продолжението, велејќи дека ќе биде „премногу стар“ кога ќе се врати на снимањето. Мет Ривс веќе почна со работата на долгоочекуваното продолжение во Велика Британија, а дополнително внимание привлекоа и новите пробни снимки на Роберт Патинсон во костимот на Бетмен. Беше виден и препознатливиот „Бетмобил“ во снежно окружување. Џејмс Ган претходно потврди и дека сценариото за „Бетмен…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti