klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Делови од Гази Баба и повеќе улици во индустриската зона без вода

Делови од Гази Баба и повеќе улици во индустриската зона без вода
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивона Петрова·17. 07. 2026. 06:18:08

Корисниците од делови на Гази Баба и од повеќе улици во индустриската зона на Скопје денеска ќе останат без вода поради зафати на водоводната мрежа, соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје. Поради изведување водоводен приклучок Ф100 милиметри на улицата „Сречко Пужалка“ бр. 60А, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улиците „Сречко Пужалка“ и „Товарник“ во општина Гази Баба. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот и ќе трае до завршување на работните активности. Дополнително, по барање на фирмата „Навипо Шипинг“, ќе се врши замена на затварач (шибер) Ф80 милиметри на улицата „Индустрија“ бб. Поради овој зафат, без вода ќе останат корисниците од улиците „Индустрија“, „Перо Наков“, „Вера Радосављевиќ“, „Димче Милошевски“, „Боривое Милошевски“ и „Зендел Џемаил“. Прекинот во водоснабдувањето ќе започне во 09:30 часот и ќе трае до завршување на работните активности, информираат од јавното претпријатие.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti