Делови на Аеродром, Ѓорче Петров, Бутел, Карпош и Сопиште ќе останат без струја

Од ЕВН Македонија известени сме дека на ден 08.07.2026 година (среда) без електрична енергија ќе останат: - во периодот од 08.30 до 15.00 часот, дел од корисниците од ул. 8 во село Горно Соње место викано Коштан. (општина Сопиште) - во периодот од 09.00 до 11.00 часот, дел од корисниците од бул. Македонско Косовска Бригада лоцирани кај сервис Бутел. (општина Бутел) - во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од корисниците од ул. 4 во Сопиште место викано Ветрила. ( општина Сопиште ) - во периодот од 09.00 до 14.00 часот, корисниците од ул. Тодор Чангов – крак 21. (општина Аеродром) како и дел од корисниците од улиците Хашка, Будимпештанска и Душко Бојковски. (општина Карпош) - во периодот од 09.30 до 14.30 часот, корисниците од улиците Александар Македонски, Борис Сарафов и Смилевска, објектот на месната заедница и бензинската пумпа, како и дел од корисниците од ул. Црногорска. (општина Ѓорче Петров) - во периодот од 12.00 до 14.00 часот, корисниците од ул. 95 и околните улички во село Волково. (општина Ѓорче Петров)


