Делегиран буџет на 28 национални установи за поефикасно работење, финализирање на подготовките за отворање на музеите на Скопско Кале

„Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ успеа да ја стабилизира состојбата, да спроведе клучни системски реформи и да реализира значајни инвестиции во културата и туризмот. Во изминативе две години, фокусот беше ставен на воспоставување системски пристап во управувањето со културата и тоа преку стратешко планирање, започнување на законски реформи, финансиска стабилизација и капитални инвестиции. Наследен беше долг од 273 милиони денари по основ на неисплатени плати во националните и локалните установи, кој експресно се реши со ребалансот, при што се изнајдоа и дополнителни 71 милион денари за програмски активности и над 78 милиони денари за проекти во општините. Паралелно со сервисирањето на наследените обврски се започна со системско решавање на долгогодишните проблеми во културата и туризмот, за која цел се изготви длабинска анализа за рационализација на националните установи и преземени се конкретни чекори за спроведување на реформските приоритети. Македонскиот јазик беше еден од главните приоритети на Владата и затоа уште веднаш започна имплементацијата на Законот за употреба на македонскиот јазик, се основаше Инспекторатот и Советот за македонски јазик, а во тек е и изработката на Стратегијата за употреба на македонскиот јазик. Се финализираат подготовките за отворање на музеите на Скопско Кале, процес кој беше целосно запрен од претходната влада, а деблокирани се…


