klik.world
Politika Sjeverna Makedonija

Делегација на Уставниот суд на меѓународна конференција за улогата на уставните судови во заштитата на демократијата во Приштина

Делегација на Уставниот суд на меѓународна конференција за улогата на уставните судови во заштитата на демократијата во Приштина
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Слаѓана Бојановска·22. 10. 2026. 11:49:51

Делегација на Уставниот суд на Македонија предводена од претседателот Дарко Костадиновски, судиите Фатмир Скендер и Ана Павловска-Данева учествува на меѓународна конференција на темата „Улогата на уставните судови во заштитата на демократијата и демократското функционирање на институциите“, која се одржува денеска во Приштина, Република Косово. Како што информираат од Уставниот суд, Костадиновски ќе има обраќање во рамки на втората панел-сесија, со фокус на темата „Уставните судови, демократијата и владеењето на правото“, посветена на улогата на уставните судови во заштитата на демократските вредности, одржувањето на институционалниот баланс помеѓу властите и владеењето на правото. На истата сесија, освен Костадиновски, ќе говорат и претседателот на Уставниот суд на Литванија, Томас Давулис, потпретседателката на Уставниот суд на Словенија, Нежа Коговшек Шаламон, членот на Уставниот суд на Австрија, Георг Линбахер и судијката на Уставниот суд на Босна и Херцеговина, Лариса Велиќ. Конференцијата се организира по повод 17-годишнината од основањето на Уставниот суд на Република Косово, а ќе собере претседатели и судии на уставни и врховни судови, претставници на европски судски институции, на Венециската комисија и експерти од областа на уставното право.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti