Svijet Sjeverna Makedonija
Дел од Петровец и Ќојлија денеска без струја поради технички зафат на мрежата

Kurir.mk·Слаѓана Бојановска·10. 08. 2026. 06:51:41
Без електрична енергија денеска од 9 до 12 часот ќе останат дел од корисниците во Петровец и Ќојлија поради технички зафат на електродистрибутивната мрежа. Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) – Скопје, повикувајќи се на информација од ЕВН, прекинот во снабдувањето со електрична енергија е поради изработка на кабелска спојница на извод од трафостаницата „Макдизел“, влез-излез во ново КРО. Без напојување во наведениот период ќе бидат и ДТУ „Еуросиг Инвестмент“ ДООЕЛ, Нанев Костадин, Брути, „Лифтас“ ДООЕЛ и „Универзал Комерц“ – друштво за трговија.
Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

