klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Дел од дрон најден меѓу лежалки на плажа во Романија

Дел од дрон најден меѓу лежалки на плажа во Романија
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Слаѓана Бојановска·26. 08. 2026. 10:06:21

Дел од дрон бил најден утрово на плажа во романското црноморско одморалиште Олимп, на околу 38 километри јужно од Констанца, соопшти телевизијата „Антена 1“. Според извори на телевизијата, остатоците содржеле експлозивно полнење. Делот бил најден меѓу лежалките на плажата, посочува телевизијата. Пристапот за туристите до зоната е ограничен. Неколку лица поднеле пријава за предметот, информира „Антена 1“. Остатоци од дрон синоќа биле најдени и на бранобранот на крајбрежното шеталиште во Констанца, во близина на легендарното Казино во црноморскиот град. Шести ден по ред остатоци од дронови ги држат под тревога населението и властите во Романија, потсетува „Антена 1“. Изминатите денови романските власти во неколку наврати испраќаа борбени авиони и хеликоптери за да ги следат нападите со дронови во близина на границата со Украина.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti