klik.world
Sport Sjeverna Makedonija

Дамфрис потпиша четиригодишен договор со Реал

Дамфрис потпиша четиригодишен договор со Реал
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивана Цветановска·05. 07. 2026. 18:51:08

Холандскиот репрезентативец Дензел Дамфрис ги напушти редовите на италијанскиот првак Интер и потпиша четиригодишен договор со Реал Мадрид, објави денеска шпанскиот клуб. Финансиските детали од договорот не се обелоденети, но медиумските извештаи сугерираат дека Реал ја активирал откупната клаузула на 30-годишниот Холанѓанец од 20 милиони евра. Дамфрис го напушта Интер по пет сезони, откако дојде од ПСВ Ајндховен во 2021 година. Во редовите на италијанскиот клуб се етаблираше како стандарден во првиот тим, одигрувајќи 207 натпревари за Интер на кои постигнува 27 голови и додаде 28 асистенции. Холандскиот репрезентативец освои осум трофеи со Интер, вклучувајќи две титули во Серија А и три титули во Купот на Италија. Дамфрис е четвртото засилување на Реал за новата сезона по Марко Кукуреља, Бернардо Силва и Ибрахим Конате. (МИА)

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti