„Дај еден дим“: Животните приказни на Братислав Димитров

Братислав ДИМИТРОВ Во нашата поранешна држава СФРЈ имаше периоди на сурова сиромаштија. Кога немаше доволно бензин, колите со парен последен број на регистарската табличка смееја да возат само во денови со парен датум. Тие со непарен број само во непарни датуми. Недостасуваа зејтин, шеќер, детергенти и други увозни производи. Редовно и со часови немаше струја, а долго време немаше и кафе. После имаше, ама под услов со кафето да купиш и вињак „Бурдуш“, кој беше игнориран заради безбедносни причини. Цигари се купуваа „на комад“, од една, па нагоре. Еднаш неколку копиљаци одиме до трафиката на „Партизанска“ за да го заебаваме продавачот, кој стално нè бркаше дека ги читавме стриповите без да ги купуваме. „Продавате цигари на парче?“ Тој отровно промрчи: „Продаваме“. Тогаш Пеце Шиник му рече: „Дајте нѝ дваесет“ и ние се закикотевме. Тој ја искина кутијата, ги извади од неа сите 20 цигари и ги стави пред нас, со насмевка од шпагети вестерн. Немаше уште многу работи во тој социјализам. Немавме и пари, ама бевме богати. Тогаш имаше другарство, емпатија и солидарност. Стои шизик на корзо и си прави кругчиња со димот од цигарата. Некој што нема цигари му вели: „Дај еден дим“. Шизикот му ја дава цигарата, а…
Povezane vijesti

СДСМ: Кривичната против Јани Макрадули е класичен политички прогон на власта против неистомислениците

Тен Хаг: Роналдо го изневери и Јунајтед и мене како менаџер
