klik.world
Društvo Sjeverna Makedonija

Даблин го слави 300-годишниот јубилеј на „Гуливеровите патувања“ со фестивал посветен на Џонатан Свифт

Даблин го слави 300-годишниот јубилеј на „Гуливеровите патувања“ со фестивал посветен на Џонатан Свифт
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Слаѓана Бојановска·22. 10. 2026. 09:02:19

Во ноември, Даблин ги поканува посетителите да зачекорат во фантастичниот свет на „Гуливеровите патувања“ за време на фестивалот со којшто се одбележува 300-годишнината од објавувањето на овој познат роман од писателот Џонатан Свифт. Од 18 до 28 ноември, како дел од ирскиот „Фестивал на Џонатан Свифт“, посетителите ќе можат да уживаат во изведби, тури со водичи низ градот, предавања и други настани посветени на животот, делото и наследството на прозаистот и сатиричар. Свифт е роден во Даблин во 1667 година. Студирал на колеџот „Тринити“ и оставил траен белег врз културниот живот на ирскиот главен град. Служел и како декан во катедралата „Свети Патрик“. Класиката на светската книжевност, „Гуливеровите патувања“, е поделена на четири дела и ги опишува патешествијата на хирургот Лемјуел Гуливер меѓу ситните Лилипутанци, џиновските Бробдингнаганци, Јахуите (раса слична на луѓето) и Хуинимите (раса на интелигентни коњи). Натаму, еден од главните настани на фестивалот ќе се одржи во катедралата на 26 ноември, каде што ќе биде прикажан мјузиклот „И тогаш се појави Гуливер“, којшто го истражува животот на авторот. (МИА)

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti