klik.world
Društvo Sjeverna Makedonija

Да му цркне козата на соседот

Да му цркне козата на соседот
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Љупчо Цветановски·20. 10. 2026. 08:56:07

Последниот самит на Европската Унија покажа дека е дојдено времето европскиот континент да почне повторно да ги преиспитува своите темели и да се врати на вистинските вредности поради кои за сите стана привлечна европската идеја. А во едни вакви чудни времиња, додека Европа се преиспитува каде тргнала, клучно е соседите да се држат меѓу себе оти географијата ни одредила да бидеме едни покрај други, а невремињата што доаѓаат налагаат да се држиме едни со други. Токму затоа да се биде добар сосед, во контекст и на евроинтеграциите, не значи само да се дели географска граница туку и да се споделува визија во која успехот на оној од другата страна е успех и за вас. На европскиот пат, солидарноста и меѓусебната поддршка не се знак на слабост, туку на висока политичка свест, свесност дека стабилен, просперитетен и интегриран сосед е најдобрата гаранција за сопствената безбедност и развој. Деновиве, додека Брисел веќе ја промовираше Црна Гора како нова потенцијална членка на Унијата, која треба да ги заокружи преговорите до 2028 година, Хрватска испорача осум барања како услов да дозволи дозаокружување на црногорскиот евроинтегративен процес. Ќе каже некој еве и Хрватска ѝ го прави истото тоа на Црна Гора што Бугарија и Грција…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti