klik.world
Zdravlje Sjeverna Makedonija

Д-р Ристевски: Пиењето вода со фекалии доведува до последици врз цревниот микробиом, нарушен имунитет и ризик од автоимуни и метаболички заболувања

Д-р Ристевски: Пиењето вода со фекалии доведува до последици врз цревниот микробиом, нарушен имунитет и ризик од автоимуни и метаболички заболувања
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Валентина Стојановска·21. 07. 2026. 18:17:39

Пиењето вода загадена со фекалии освен акутните симптоми, остава сериозни долгорочни последици врз цревниот микробиом, предизвикувајќи трајна дисбиоза (нарушување на рамнотежата на бактериите). Патогените бактерии како Eшерихија коли, Салмонела и Џардија (E. coli, Salmonella и Giardia) ја уништуваат корисната микрофлора, што може целосно да го смени нејзиниот состав, објави на својот фејсбук профил Милан Ристевски, онколог во Клиничката болница Жан Митрев. Штетните долгорочни последици, како што посочува, вклучуваат хронично воспаление и синдром на пропустливи црева, долготрајни дигестивни проблеми како синдром на иритабилно дебело црево (IBS) и хронична дијареа, колонизација со супербактерии отпорни на антибиотици преку внесување на резистентни гени од отпадните води, нарушен имунитет и зголемен ризик од автоимуни и метаболички заболувања и влијание врз менталното здравје преку оската црева-мозок поради намалено производство на невротрансмитери. Дали е некој свесен за овие потенцијални долгорочни здравствени проблеми на Гостиварчани? Колкав е финансискиот импакт?, прашува доктор Ристевски.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti