ЦУК: Во државата активни седум пожари, два под контрола

Седум пожари од вкупно 21 регистрирани на отворен простор денеска до 18:30 часот, се сè уште активни. Два се ставени под контрола, а 12 се изгаснати, соопшти вечерва Центарот за управување со кризи (ЦУК). Активни пожари има во општините Студеничани и Зелениково кај селата Моране, Вртекица, Рамни Габер и кракот кон селото Палиград, како и над селото Вражале во Општина Зелениково, каде гори мешана шума; во Општина Македонски Брод кај м.в. Видуш, кај с. Драгов Дол и кај с. Локвица гори ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки; во Општина Струмица кај с. Пиперово гори ниска вегетација; во Општина Сарај кај с. Бојане гори мешана шума; во Општина Берово кај с. Митрашинци гори дабова шума и ниска вегетација; во Општина Петровец кај с. Сушица - нискостеблеста шума и во Општина Гостивар кај с. Трново, каде гори мешана шума. Под контрола се ставени пожарите во Општина Кичево кај с. Тајмиште, м.в. Дарда каде гореше високостеблеста букова шума и во Општина Битола кај с. Мегленци, каде гореше ниска вегетација. Изгаснати пожари се во Општина Струмица на ул. „Ристо Ќурчиев“ каде гореше ѓубре; во Општина Василево кај с. Пиперево - ниска вегетација и ѓубре; во Општина Делчево кај с. Бигла - борова и дабова…
Povezane vijesti

Граѓаните може да се пријавуваат за вакцинација против сезонски грип – активиран сајтот vakcinacija.mk

(ВИДЕО) Апасиев го праша Мицкоски за бизнисите на баџанакот, а премиерот му порача обвинувањата да ги докаже на суд
