klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

ЦУК: Сите државни ресурси ангажирани на терен за заштитата на планината Китка

ЦУК: Сите државни ресурси ангажирани на терен за заштитата на планината Китка
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивана Цветановска·25. 08. 2026. 09:57:14

Центарот за управување со кризи информира дека продолжуваат интензивни активности за ставање под контрола на пожарите во селата во областа Каршијак. Оттаму информираат дека директорот на ЦУК, Мухамед Али е на терен, заедно со надлежните служби и екипи, каде што ја следи и координира состојбата. -Наш приоритет е заштитата на планината Китка и спречувањето на ширењето на пожарот кон населените места. На терен се ангажирани сите расположливи државни ресурси - три авиони на Дирекцијата за заштита и спасување, екипите на Противпожарната бригада на Град Скопје, како и екипите на Национални шуми, вели Али. Од ЦУК наведуваат дека во моментов нема опасност за селото Палиград, ниту за другите населени места во областа Каршијак. Дополнуваат дека ќе продолжат со непрекинато следење на состојбата и интензивна интервенција до целосно стабилизирање на ситуацијата. (МИА)

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti