klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Црвениот крст упати итен апел за помош по разорните земјотреси во Венецуела

Црвениот крст упати итен апел за помош по разорните земјотреси во Венецуела
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Тале Кристо·26. 06. 2026. 13:50:00

Меѓународната федерација на друштвата на Црвениот крст и Црвената полумесечина (ИФРЦ) денеска упати итен апел за обезбедување помош за Венецуела по двата силни земјотреси што во средата погодија делови од земјата. Со апелот се бараат 50 милиони швајцарски франци (околу 61,8 милиони американски долари) за помош на 300.000 луѓе, при што првичните активности ќе бидат насочени кон најтешко погодените подрачја Ла Гваира и Голем Каракас. Според венецуелските власти, во земјотресите загинале најмалку 235 лица, а околу 4.300 се повредени. - Овие земјотреси имаа разорно влијание врз народот на Венецуела. Животите на десетици илјади луѓе засекогаш се променија - изјави генералниот секретар на ИФРЦ, Џаган Чапагаин. Венецуелскиот Црвен крст од првиот ден спроведува операции за пребарување и спасување, укажување прва помош, психолошка поддршка, повторно обединување на разделени семејства и проценка на штетите, иако дел од неговите волонтери исто така се погодени од катастрофата. - Тимовите на ИФРЦ и на Венецуелскиот Црвен крст реагираа веднаш. Вредноста на постојаното присуство на локалните тимови веќе се покажа како клучна - рече Чапагаин. Тој нагласи дека катастрофа од вакви размери не може да биде товар само на локалните служби и ја повика меѓународната заедница да го поддржи апелот. Федерацијата соопшти дека денеска ја испрати првата…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti