klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Црната габа од Чернобил ги збунува научниците: Дали навистина се „храни“ со радијација?

Црната габа од Чернобил ги збунува научниците: Дали навистина се „храни“ со радијација?
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Тале Кристо·06. 07. 2026. 09:47:57

И 40 години по катастрофално разорната нуклеарна експлозија, Чернобил и Чернобилска Област сѐ уште се забранети за луѓе кои не се научници или стручно подготвени за престој во тоа нуклеарно загадено и опасно подрачје. Но, тоа не значи дека условите во оваа област во северна Украина се неповолни за други облици на живот. По експлозијата на „Реакторот 4“ во Нуклеарната централа Чернобил на 26 април 1986., други организми се населиле во ова подрачје, се прилагодиле и виреат, меѓу другото - поради отсуството на луѓе, велат научниците. Од друга страна, пак, за некои организми, јонизирачкото зрачење во заштитнјиот саркофаг што го опкружува реакторот - може да биде предност. На внатрешните ѕидови на саркофагот, којшто е едно од најрадиоактивните тела на планетата Земја, научниците откриле црна габа што успева да преживее во овие услови. Оваа габа се нарекува „Кладоспориум сфероспермум (Cladosporium sphaerospermum)“. Иако научниците утврдиле дека оваа габа вирее и се развива во присуство на јонизирачко зрачење, сè уште не е јасно утврден точниот начин на којшто се случува сѐ ова, пишува „Сајенс алерт“ (Science Alert). Јонизирачко зрачење се честичките што ги исфрлаат електроните од атомот коишто се претвораат во јони. Темниот пигмент на габата - меланинот ѝ овозможува да го искористи…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti