Чоколаден колач со вишни

Се подготвува брзо, а вкусот е загарантиран, вишните и чоколадото се одлична комбинација. Состојки: 130 грама мек путер 150 грама чоколадо 150 грама темно чоколадо 180 грама шеќер 100 грама брашно 1 лажичка прашок за пециво 50 грама какао во прав 3 јајца 50 грама бело чоколадо 50 грама млечно чоколадо 100 грама вишни без семки Подготовка: Подгответе калап за торта со дијаметар од 24 см обложен со хартија за печење. Растопете го темното чоколадо и путерот на тивок оган, мешајќи постојано. Откако смесата ќе се соедини, оставете ја да се олади неколку минути додека не стане млака. Додадете го шеќерот во млаката смеса од чоколадо и путер. Потоа, додадете го брашното измешано со прашокот за пециво и какаото. Додадете ги јајцата и добро измешајте сè. Додадете ги парчињата бело и млечно чоколадо, како и вишните, и нежно измешајте со шпатула или жица за матење. Истурете ја смесата во подготвениот калап. Посипете уште неколку парчиња вишни и чоколадо одозгора. Печете во рерна загреана на 180°C 25 минути. По печењето, оставете го колачот целосно да се олади пред сервирање.
Povezane vijesti

Lekcija u devedeset minuta, triler u produžecima ili penal lutrija: Španija ili Argentina — ko će biti na korvu sveta u naredne četiri godine?
