Циципас ја освои титулата во Гштад – прв трофеј по пауза од 16 месеци

Поранешниот трет тенисер во светот до трофејот стигна по четврта победа во три сета во текот на неделата, а по мечот не го криеше задоволството. „Чувството е неверојатно. Ова беше вистински маратон и многу напорна недела. Во последните неколку дена одиграв неколку луди натпревари. Секој меч изгледаше како никогаш да нема да заврши, но секојпат успевав да најдам начин да победам“, изјави Циципас. Тој откри дека во текот на турнирот се соочувал и со болки, но успеал да ги надмине сите проблеми. „Не можам да бидам посреќен. Во изминатите денови се борев и со болки, морав да издржам многу предизвици, а ова е најдобриот можен исход што можев да го посакам на почетокот на неделата“, додаде грчкиот тенисер. Циципас, кој на турнирот настапи како 85. тенисер на светот по тешкиот период во последната година, искористи пет од 13-те брејк-топки што ги создаде. По загубениот тај-брејк во вториот сет, тој одговори на најдобар можен начин и со два брејка во решавачкиот сет ја обезбеди победата по два часа и 17 минути игра. Со триумфот во Гштад, 27-годишниот Грк ќе напредува за 30 позиции на АТП-листата и од понеделник ќе биде 55. тенисер во светот. Воедно, тој стана првиот грчки тенисер што…

