klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Четворица Палестинци и Израелец загинаа во оружен инцидент на Западниот Брег

Четворица Палестинци и Израелец загинаа во оружен инцидент на Западниот Брег
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Максим Крстески·24. 07. 2026. 09:01:16

Четворица Палестинци и Израелец загинаа денеска во оружен инцидент на окупираниот Западен Брег на реката Јордан, соопштија израелски и палестински здравствени претставници. Израелската војска соопшти дека испратила сили во областа југозападно од палестинскиот град Наблус, по дојава за напад врз израелски цивили кои таму планинареле. Според израелската армија, Палестинец одзел оружје од припадник на локалните безбедносни сили и отворил оган кон израелските цивили. Палестинските претставници пак, тврдат дека израелски цивили ги нападнале Палестинците од местото Тал на Западниот Брег и дека израелски цивили и војници при инцидентот убиле четворица Палестинци, повредувајќи други четворица. Израелската војска соопшти дека привремено ги затворила градот Наблус и областа Тал, поставила блокади на патиштата и започнала потрага по напаѓачите. Канцеларијата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, соопшти дека тој свикал итен состанок на кој ќе се разговара за одговор на инцидентот.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti