Четиринаесет македонски тенисери во квалификациите на „Macedonian open 2026“

Квалификациите на „Macedonian Open 2026“ турнир М25 Скопје стартуваат утре (недела), а во „костурот“ од квалификациите се најдоа 14 македонски тенисери во најголемиот дел младинци. Според ждрепката во првото квалификациско коло ќе има и три македонски „пресметки“: Дарко Колевски – Горјан Вукичевиќ, Матеј Попов – Алексеј Стојановски, Ерион Незири – Максим Тренески. Другите македонски тенисери за ривали ги имаат следните противници: Самоил Честовалиев – Марко Мариќ (Франција) Марко Алексовски – Фидел Нвеке (Данска) Игор Србљак – Александер Влахос (Полска) Горзад Србљак – Рикардо Масиеро (Италија) Александар Трифуновски – Алекс Хант (Нов Зеланд) Максимилијан Алексовски – Микита Фоменко (Украина) Ѓорѓи Јанкуловски – Антон Марченко (Украина) Борјан Ѓуковиќ – Сајмон Мунтвајлер (Швајцарија). Мечевите од квалификациите утре, недела ќе се играат на шест терени, а почетокот на првите мечеви е во 9 часот.

