klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Центар за дневен престој на стари лица отворен во Гевгелија

Центар за дневен престој на стари лица отворен во Гевгелија
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивона Петрова·26. 08. 2026. 15:56:45

Центар за дневен престој на стари лица со активно стареење е отворен денеска во Гевгелија, што е уште еден важен чекор кон создавање подобри и подостапни социјални услуги во заедницата. -Центарот е наменет за лица над 65 години, особено за оние кои живеат сами, се соочуваат со осаменост и социјална изолација или имаат потреба од дневна поддршка, дружење и активности. Со капацитет за 50 корисници, Центарот ќе биде место за дружење, одмор, креативни, културни, едукативни и рекреативни активности, како и здравствено-превентивни содржини – со една јасна цел: повозрасните граѓани да имаат достоинствен, активен и квалитетен живот, изјави министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски. Велковски вели дека како Министерство за социјална политика, демографија и млади, продолжуваат да работат на тоа социјалните услуги да бидат поблиску до граѓаните и секој човек, без оглед на возраста, да има поддршка и можност за активен живот во својата заедница. -Отворањето на Центарот е потврда дека со соработка меѓу институциите, локалната самоуправа и организациите кои работат директно со граѓаните, можеме да создадеме услуги кои имаат вистинско и директно влијание врз квалитетот на животот на луѓето, нагласи министерот.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti