Biznis Sjeverna Makedonija
Цените на нафтата скокнаа по американските напади врз Иран

Kurir.mk·Ивона Петрова·08. 07. 2026. 08:38:39
Цените на нафтата скокнаа за речиси три проценти откако САД започнаа нови напади врз Иран по објавата дека Техеран нападна три брода во Ормуската Теснина. Цената на суровата нафта од типот Брент, која се смета за меѓународен стандард, рано утрово скокна за 2,6 проценти на 76,09 долари за барел, додека цената на американската референтна сурова нафта исто така се зголеми за 2,6 проценти на 72,25 долари за барел, објавија американските медиуми и потсетија дека цените неодамна паднаа на нивоата на кои беа пред почетокот на војната со Иран на крајот на февруари. Кога станува збор за промените во вредноста на светските валути, американскиот долар се скокна на 162,38 јапонски јени, а еврото остана непроменето на 1,1414 долари. (МИА)
Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.
Povezane vijesti

(Видео) Татко, мајка и бебе загинаа на Халкидики: Цистерна уништи автомобил, преживеа само тригодишното дете
Infomax·prije 24 min

Пресврт за паметење: Аргентина вторпат по ред во финалето на Мундијалот! (ВИДЕО)
Večer·prije 28 min

Змија во зоолошка градина родила 12 младенчиња без мажјак — ја крстиле Марија поради нејзиното „безгрешно зачнување“
Sloboden Pečat·prije 28 min