klik.world
Politika Sjeverna Makedonija

Целта на СДС, ДУИ и Левица е противење и блокирање на државата, а не подобар Изборен законик

Целта на СДС, ДУИ и Левица е противење и блокирање на државата, а не подобар Изборен законик
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Слаѓана Бојановска·19. 07. 2026. 08:21:31

Реформските измени на Изборниот законик се подготвуваа со месеци на средби и во работна група каде активно учество зедоа претставниците на СДС, Левица и ДУИ, велат од ВМРО-ДПМНЕ, преку соопштение. „Измените се градеа постепено со широк политички и партиски консензус, опозициските партии даваа забелешки и конкретни предлози кои целосно беа прифатени од владејачкото мнозинство. Но, кога дојде момент да се стави потпис, да се покаже одговорност и измени на Избониот законик да се донесат, СДС, Левица и ДУИ избегаа од сопствениот постигнат договор. Тоа покажува дека политиката на овие политички партии никогаш не била државничка и во интерес на граѓаните, туку дека тие, единствено, имаат политика на противење, опструирање и блокирање на се што е во корист на напредокот на државата. Ваквиот однос потврдува дека проблемот никогаш не бил Изборниот законик, туку дека проблемот е што СДС, Левица и ДУИ не можат да поднесат уште еден реформски успех на Македонија. Тие можеби не се свесни, но со тоа признаа дека се борат против секое решение што значи напредок и успех за државата, а не за подобар Изборен законик. За СДС, Левица и ДУИ поважно е да создадат политичка криза во државата, отколку Македонија да исполни уште една реформска обврска. Доброто…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti