klik.world
Zabava Sjeverna Makedonija

Цеца откри нови детали за породувањето и бременоста на Анастасија, еве кога првпат ќе го види внукот

Цеца откри нови детали за породувањето и бременоста на Анастасија, еве кога првпат ќе го види внукот
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивона Петрова·18. 07. 2026. 11:05:06

Анастасија Ражнатовиќ се породи пред неколку дена и на свет го донесе својот син Илијан. Нејзината мајка, пејачката Светлана Ражнатовиќ Цеца, не ја крие среќата за своето четврто внуче, кое едвај чека да го види. - Пресреќна сум, сè уште не сум го видела бебето, морав да одработам закажан концерт, веднаш одам во Шпанија во недела наутро. Премногу сум богата жена кога станува збор за овие работи, нема ништо поубаво. Сè е минливо во животот, парите и славата и богатството и секаков вид успех, кога имате здраво семејство, кога имате многу деца, а истите тие деца се раѓаат живи, здрави, нема поголема награда и поголема среќа, тоа е дар од Бога - рече Цеца за Блиц. Пејачката откри како се чувствува Анастасија, но и детали од породувањето. - Анастасија е одлично, бебето е одлично. Се гледавме само преку видео повици. Вељко е веќе таму со Богдана, ме очекуваат и мене и ќе пристигнам во недела. Малиот се менува, секој ден е различен - рече Цеца. Цеца коментираше и за желбата на Анастасија сè да остане строго доверливо. - Не чував ништо, нивна желба беше тоа да биде нивна приватна работа, што мислам дека е сосема во ред. Не беше тајна…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti