Svijet Sjeverna Makedonija
Чаир доби 20 нови клупи за граѓаните

Kurir.mk·Валентина Стојановска·05. 08. 2026. 19:51:18
Општина Чаир продолжува со уредувањето на јавните простори, поставувајќи 20 нови клупи на повеќе локации низ општината, со цел да обезбеди подобри услови за одмор и престој на граѓаните. Клупите се поставени во Топаана, Гази Баба, на улицата „Емин Дураку“, зад Чаирската џамија, како и во близина на маркетот „Сарај“ во Чаир, со што се збогатува урбаната опрема и се подобрува функционалноста на јавните простори. Поставувањето на урбаната опрема ќе продолжи и на други локации, согласно потребите на населбите и барањата на граѓаните, како дел од заложбите на Општина Чаир за создавање поуредена, пофункционална и поквалитетна урбана средина.
Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.


