Бугарскиот премиер Радев со силна резерва за 21-от пакет санкции на ЕУ кон Русија

Бугарскиот премиер Румен Радев изјави дека изразува резерви за 21-от пакет санкции од страна на Европската Унија против Русија, одговарајќи на пратеничко прашање за тоа дали е подготвен да го блокира следниот европски пакет санкции, јави БТА. „Што се однесува до тоа дали сум подготвен да изразам резерви за 21-от пакет - не дека сум подготвен, ќе го направам тоа. Едноставно и јасно. Бидејќи ги штитам и поддржувам бугарските национални интереси“, рече Румен Радев, а неговите зборови беа поздравени со аплауз во пленарната сала. Во врска со можните санкции против рускиот патријарх Кирил, премиерот коментираше дека воопшто не е заинтересиран за личноста на рускиот патријарх, но тој е поглавар на Руската православна црква, пренесе бугарската агенција БТА.
Povezane vijesti

Граѓански организации бараат итно стопирање на новите концесии за рудници во источниот дел на Македонија

Иран: Нема да дозволиме САД да се мешаат во Ормуската Теснина
