Бугарска пејачка пее за „ChatGPT“, во спотот се појавуваат хуманоидни роботи

Кога станува збор за музика, низ годините се опеани бројни феномени во општеството, а во преден план се појави и вештачката интелигенција. Новата песна на бугарската пејачка Галена се вика „ChatGPT“, а во видеото дури се појавуваат и хуманоидни роботи. Имено, Галена објави песна наречена ChatGPT, која всушност зборува за љубовта. Како вештачката интелигенција се вклопува во ова, покажува рефренот кој, преведен вели: „Прашај го ча-ча-ча ChatGPT Колку те сакам - провери Прашај го ча-ча-ча ChatGPT Може ли без тебе - разбери“. View this post on Instagram A post shared by Galena (@galena1) Што се однесува до роботите кои се дел од спотот, Галена појасни дека тие се вистински и дека видеото не е создадено од вештачка интелигенција. „На почетокот ми беше многу тешко да снимам покрај нив, но тоа ме мотивираше уште повеќе. Секогаш сакав да експериментирам и да правам работи што досега не сте ги виделе од мене“, рече таа. Потоа таа појасни дека хуманоидните роботи, кои може да се видат во видеото, биле испорачани од Полска и биле нејзини најнеобични партнери на сцената.


