Брутално убиство на италијански новинар

Брутално убиство на италијански новинар ја потресе јавноста во Италија. Луиџи „Лука“ Еспозито бил убиен минатиот викенд, а неговото запалено тело е пронајдено на 19 јули на земјоделско земјиште во близина на Еболи, во покраината Салерно. Истражителите сметаат дека Еспозито бил жив во моментот кога било запалено неговото тело, иако бил во критична состојба по брутално претепување и давење, пренесе Мирор. Обдукцијата покажала дека причината за смртта е „насилно механичко задушување“, но истовремено открила дека Еспозито непосредно пред смртта вдишал чад. Овој наод укажува дека сè уште давал знаци на живот кога напаѓачот го запалил неговото тело, поради што е побарано дополнително вештачење. Се уште се трага по мобилниот телефон на новинарот. Уредот не бил пронајден ниту покрај телото, ниту во автомобилот, паркиран во близина. Еспозито како спортски новинар ги следел фудбалските клубови од регионот Кампанија. Работел како телевизиски коментатор, соработувал со повеќе дневни весници и пишувал колумни. На 4 јули го прославил својот 53. роденден.
Povezane vijesti

,Ajkule” ispustile ,,plus 4” na šest minuta prije kraja utakmice i peterac za pobjedu

Splitski studenti i zagrebačke studentice europskim zlatom ispisali povijest hrvatskog futsala
