Sport Sjeverna Makedonija
Бруно Гимараеш за 90 милиони евра потпишува заАрсенал

Kurir.mk·Бошко Тасиќ·01. 08. 2026. 04:49:13
Бруно Гимараеш ќе биде ново засилување на лондонски Арсенал. Лондонскиот клуб пред неколку дена ги договорил личните услови со бразилскиот репрезентативец, а потоа започнал интензивни преговори со Њукасл околу висината на обештетувањето. „Чавките“ првично ја одбиле понудата од 80 милиони евра, но Арсенал испратил подобрена понуда вредна 90 милиони евра, која раководството на Њукасл конечно ја прифатило. По медицинските прегледи на трансферот треба и официјално да биде комплетиран. Со доаѓањето на Гимараеш, Арсенал ќе добие едно од најголемите засилувања во средниот ред, бидејќи Бразилецот веќе неколку сезони важи за еден од најдобрите играчи на својата позиција во Премиер – лигата.
Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.


