klik.world
Sport Sjeverna Makedonija

Бруно Фернандеш останува во Манчестер јунајтед

Бруно Фернандеш останува во Манчестер јунајтед
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивона Петрова·23. 07. 2026. 12:32:07

Фудбалерот за врска Бруно Фернандеш се согласи да ја посвети својата иднина на Манчестер јунајтед, објавија британски медиуми. Според „Express“, 31-годишен играч до крајот на овој месец ќе ја потврди својата одлука да остане на „Олд Трафорд“. Фернандеш моментално е на летен одмор по учеството на Светското првенство во 2026 година. Се очекува капитенот на Јунајтед да се врати на претсезонските подготовки следната недела. Преговорите меѓу неговите застапници и раководството на Јунајтед во врска со нов, подобрен договор се во тек. Фернандеш е во Манчестер јунајтед од јануари 2020 година, а неговиот договор важи до 30 јуни 2027 година. Во сезоната 2025/26, играчот од средниот ред постигна девет гола и имаше 22 асистенции во 37 натпревари. (МИА)

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti