klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Бројот на жртвите од разорните земјотреси во Венецуела надмина 5.200

Бројот на жртвите од разорните земјотреси во Венецуела надмина 5.200
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Максим Крстески·20. 07. 2026. 07:04:24

Бројот на загинатите во двата силни земјотреси со интензитет од 7,2 и 7,5 степени што пред речиси еден месец ја потресоа северна Венецуела достигна 5.208 лица, откако властите во последниот биланс додадоа уште 89 жртви. Како што соопшти претседателот на Националното собрание, Хорхе Родригес, бројот повредени останува 16.740, додека без покрив над главата останале 17.907 лица. Дополнително, 23.820 жители се сместени во 107 привремени кампови, а надлежните служби досега обезбедиле помош за 128.324 семејства погодени од последиците на природната катастрофа. По разорните земјотреси што ја погодија земјата на 24 јуни, регистрирани се вкупно 1.388 последователни потреси. Последниот земјотрес со магнитуда од три степени бил регистриран вчераутро, на околу 9 километри западно од Ла Гуаира, на длабочина од 3,9 километри, според податоците на Венецуелската фондација за сеизмолошки истражувања. Властите продолжуваат со спасувачките и хуманитарните операции во погодените подрачја, каде покрај човечките загуби се евидентирани и големи материјални штети на објекти и инфраструктура.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti