Svijet Sjeverna Makedonija
Бројот на жртви во Газа достигна 73.221

Kurir.mk·Максим Крстески·11. 07. 2026. 17:58:40
Бројот на жртви во Газа достигна 73.221 лице, соопшти денеска палестинското Министерство за здравство. Според моменталната евиденција, во тековната војна во Газа од октомври 2023 година загинале најмалку 73.221 лице, а ранети се 173.643. Како што е наведено, во последните 48 часа во болниците во Газа биле донесени седум тела, додека 28 луѓе биле ранети во истиот период. „Сè уште има голем број жртви под урнатините и на патиштата, бидејќи амбулантните возила и тимовите на цивилната заштита во моментов не можат да стигнат до нив“, соопшти министерството. Како што пренесе Ал Џезира, од октомврискиот прекин на огнот, најмалку 1.098 Палестинци се убиени, а 3.535 се ранети во израелски напади.
Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

