Бројот на жртви расте: Најмалку 4.490 загинати во земјотресите во Венецуела

Најмалку 4.490 лица загинале во двата разорни земјотреси што минатиот месец ја потресоа Венецуела, соопшти претседателот на Националното собрание Хорхе Родригес. Бројот на жртвите продолжува да расте повеќе од две недели по силните потреси. Само ден претходно, официјалниот број загинати изнесуваше 4.333 лица. Родригес, брат на привремената претседателка на Венецуела Делси Родригес, соопшти преку платформата „Икс“ дека во 108-те отворени засолништа се сместени повеќе од 19 илјади луѓе кои останале без своите домови по земјотресите. Два силни земјотреси со јачина од 7,2 и 7,5 степени според Рихтеровата скала ја погодија Венецуела на 24 јуни, по што следуваа повеќе од илјада послаби последователни потреси. Во потресите се целосно уништени или тешко оштетени повеќе од 850 објекти, а најголеми штети претрпе крајбрежниот град Ла Гваира, во близина на главниот град Каракас. (МИА)
Povezane vijesti

Bruselj zahteva odstranitev 7000 jelenov, kmetje opozarjajo: »To je mučenje živali«

Dobre zgodbe Evrope: Kako gorski center razmišlja, ko ne želi živeti le od ene sezone?
