Бројот на странски туристи во првите 5 месеци зголемен за 23,6%, забрзува растот на туризмот

Туризмот е еден од стратешките приоритети на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, а резултатите од спроведените политики веќе се видливи. Со конкретни мерки се подобрува туристичката инфраструктура, се унапредува авионската, патната и железничката поврзаност, се создаваат подобри услови за нови инвестиции и се обезбедува силна поддршка за развој на руралниот туризам, велат од владејачката ВМРО-ДПМНЕ. „Резултатите го потврдуваат позитивниот тренд. Според најновите показатели, Македонија бележи значителен раст на авиосообраќајот и туризмот во регионот. Извештајот на Светска Банка потврдува дека, на годишно ниво бројот на патници во пристигнување е зголемен за 40%. Позитивниот тренд го потврдуваат и официјалните статистички податоци, така што во првите пет месеци од годината, бројот на странски туристи е зголемен за 23,6 проценти, додека бројот на реализирани ноќевања е повисок за 18,7 проценти во споредба со истиот период минатата година. Ова се конкретни резултати кои покажуваат дека Македонија станува се попривлечна туристичка дестинација. Особено значајно е што туристичката понуда се развива во текот на целата година. Покрај летниот туризам, сè поголем потенцијал имаат културниот, историскиот, гастрономскиот и руралниот туризам. Поголемиот број туристи значи повеќе работа и приходи за угостителите, туристичките водичи, занаетчиите, малите и семејните бизниси, но и поголеми можности за развој на локалните заедници. Владата паралелно создава…
Povezane vijesti

Охриѓанката Атина Рувинова освои прво место на HackHarvard во САД – 36 часа без сон за иновација со потенцијал за стартап

МЕПСО бара речиси двојно повисока тарифа за пренос на електричната енергија
