klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Бројот на потврдени случаи на заболени од ебола во Конго се зголеми на 3.262

Бројот на потврдени случаи на заболени од ебола во Конго се зголеми на 3.262
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивона Петрова·28. 07. 2026. 16:09:57

Бројот на потврдени случаи на заболени од ебола во Демократска Република Конго се зголеми на 3.262, вклучувајќи 1.437 смртни случаи, покажуваат најновите податоци што ги соопшти Министерството за здравство на земјата. Во соопштението се наведува дека најновиот број заболени во Конго речиси го достигна истото ниво што беше забележано за време на епидемијата во периодот од 2018 до 2020 година, која беше најголемата некогаш забележана во таа земја. Епидемијата на ебола во Конго почна кон крајот на април годинава, а моменталната стапка на смртност е 43,9 отсто. Според податоците на Светската здравствена организација (СЗО), речиси 90 отсто од случаите на заболени од ебола се регистрирани во провинцијата Итури на североистокот на Конго, во близина на границите со Уганда и Јужен Судан.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti