Британските власти наложија „Тик-ток“ да ги отстрани видеата што промовираат опасно возење
Британската влада побара и наложи „Тик-ток“ и другите социјални платформи да ги отстрануваат видеата што поттикнуваат опасно возење, откако во тешка сообраќајка во североисточна Англија загинаа седум лица. Министерот за одбрана Лук Полард порача дека платформите мора самите да реагираат, а владата е подготвена да ги принуди да го отстранат ваквиот материјал преку Законот за безбедност на интернет. Во несреќата загинаа полицајците Метју Блејдс (37) и Том Клаф (38), откако „Фолксваген пасат“, којшто претходно бил следен од полицијата, се движел во спротивна насока по двонасочна сообраќајница и директно удрил во нивното полициско возило. На местото на несреќата починале и петмина млади луѓе - Кол Роберт Ворти (17), Тео Реј (17), Макај Садингтон (18), како и Мајкл Роберт Кејхил (23) и Џејкоб Матусијак (23). Особено внимание предизвикаат информациите дека Садингтон претходно бил поврзуван со снимање опасно возење за „Тик-ток“. Тој во јули на Суд бил обвинет за напад на полицаец и предизвикување расно-мотивирана вознемиреност и страв. - Сакам социјалните мрежи да преземат одговорност... Платформите не треба преку своите алгоритми да шират и финансиски да наградуваат содржини што го вeличаат опасното однесување на патиштата, порача Полард. Тој предупреди дека, доколку компаниите не реагираат самостојно, Владата ќе ги искористи своите законски овластувања за…
Povezane vijesti

Стотици жени го посетиле Кабинетот за мајки и жени по породување на Клиниката за психијатрија

САД очекуваат Приштина да ги исполни своите обврски за косовските Срби доколку сака обновување на стратешкиот дијалог со Вашингтон
