Британските премиери се менуваат, само мачорот Лери останува

Најпознатиот мачор во Велика Британија, Лери вчера го пречека својот седми „цимер“ на „Даунинг стрит“ 10, откако почна да талка по ходниците на домот на британскиот премиер пред повеќе од 15 години. „Политичарите доаѓаат и си одат, мачето останува“, се вели во објавата на профилот на Лери - @Number10cat, на „Икс“, додека го чекаше доаѓањето на новиот британски премиер, Енди Бурнам, кој го наследи Кир Стармер. Мачорот веќе ги даде своите инструкции: „Лери сака појадок во девет часот наутро, ужина во 10:30 часот и ручек во 12 часот, со многу закуски измеѓу. Останатото е лесно.“ Лери пристигна во официјалната резиденција на британскиот премиер на 15 февруари 2011 година, од Засолништето за кучиња и мачки „Батерси“, со основна задача да ги држи глувците подалеку од просториите за донесување одлуки. Мачорот со шари потоа доби и своја официјална страница, каде што е опишан како „главен глувчоловец“. Во сите свои години на „Даунинг стрит“ 10, по Дејвид Камерон, Лери ги пречека и испрати и Тереза Меј, Борис Џонсон, Лиз Трас, Риши Сунак и Кир Стармер. Енди Барнам е седмиот „привремен станар“ во домот на мачорот. „Лери ги минува деновите поздравувајќи ги гостите, проверувајќи ги безбедносните системи и тестирајќи го квалитетот на античкиот мебел…
Povezane vijesti

Sve više ljudi vraća se u BiH: Bračni par Stanić vratio se u Kreševo i pokrenuo siranu

(ВИДЕО) Невреме со силен ветер и дожд го зафати Скопје
