Брисел зборува за „прва и втора ЕУ-лига“, Трамп ја смести Европа во трета лига

Што сакаше да каже американскиот претседател кога ја нарече Европа „земја од Третиот Свет“? Изразот е стар седум децении, но со употребата од страна на американскиот претседател Доналд Трамп, тој доби сосема нова политичка димензија Кога американскиот претседател Доналд Трамп деновиве напиша дека „Европа станува земја од Третиот Свет“ затоа што прима „криминалци од Третиот Свет“, тој не употреби само навредлива политичка квалификација. Тој активираше поим што повеќето луѓе го користат секојдневно, а ретко кој знае што навистина значи. Во јавниот говор денес „Трет Свет“ најчесто се користи како синоним за сиромаштија, хаос, криминал, корупција, неразвиеност и нефункционални институции. Но, историски гледано, тој израз воопшто не бил создаден за да ги опише најсиромашните држави на планетата. Токму затоа вреди да се постави прашањето – што всушност е „Трет Свет“, зошто терминот сè уште живее во политиката и што сака да постигне Трамп кога го употребува токму за Европа? Од Студената војна до денешната политика Изразот „Трет Свет“ се појавува во 1952 година, кога францускиот демограф и економист Алфред Сови го употребува за да ги означи државите што не припаѓале ниту на западниот капиталистички блок предводен од САД, ниту на источниот комунистички блок предводен од Советскиот Сојуз. Првиот свет бил Западот…
