Бразил го намалува нивото на дипломатските односи со Аргентина по нападите на Милеј врз Лула

Бразилската влада соопшти дека го намалува нивото на дипломатските односи со Аргентина по новите напади од страна на аргентинскиот претседател Хавиер Милеј врз неговиот бразилски колега Луис Инасио Лула да Силва. Отсега натаму, односите меѓу двете држави ќе се управуваат на ниво на отправник на работи. Ова е прв таков случај во најновата историја меѓу двете соседни земји, јавија локалните медиуми. Портпаролот на бразилското Министерство за надворешни работи изјави дека Милеј го нарекол Лула „крадец“ трипати од неделата наваму. Тој употреби слични изрази и на 25 јули за време на партискиот конгрес на сенаторот Флавио Болсонаро, син на поранешниот претседател, кој ќе биде ривал на Лула на изборите во октомври. Милеј исто така го нарече судијата на Врховниот суд, Александре де Мораеш, „ѓубре“ за време на конгресот. Де Мораеш го одби барањето на аргентинскиот претседател да го посети поранешниот претседател Жаир Болсонаро, кој е во домашен притвор и издржува 27-годишна затворска казна за обид за државен удар. Бразилската влада го отповика својот амбасадор во Буенос Аирес, Жулио Бители, во јули — еден ден по првите напади на Милеј врз Лула. Оттогаш, интересите на Бразил во Аргентина ги претставува отправник на работи што е понизок дипломатски ранг. Бители нема да се…
Povezane vijesti

Izvor Pobjede iz DPS-a: Poruka članovima Kolegijuma demantuje tvrdnje izvora iz vladajuće koalicije
