Бранот протести се шири низ Европа

Бранот протести поради зголемените трошоци за живот, кој во последните недели ги зафати Шпанија и Франција, сега се прошири и во Италија, Португалија, Белгија и Албанија. Во вчерашните насилни протести во Франција поради високите трошоци за живот, повеќе од 2.000 луѓе се уапсени, а над 500 полицајци се повредени. За време на немирите беа оштетени стотици деловни објекти. Александар Бомпар, претседател на Федерацијата за трговија и дистрибуција и извршен директор на „Карфур“, изјави дека се оштетени 1.500 трговски објекти. Штетата се проценува на стотици милиони евра. По мирното утро, улиците на Париз попладнево повторно се исполнија со демонстранти, а тензијата расте пред вечерашното обраќање на претседателот Емануел Макрон. Меѓу присутните повторно се забележани членови на движењето „Жолти елеци“ – кое организираше масовни протести во 2018 година. Полицијата се обидува да ја растера толпата, а исходот од ситуацијата во часовите пред говорот на Макрон останува неизвесен, пренесуваат француските медиуми. Оваа недела наислни протести избувнаа и во Албанија. Демонстрантите се незадоволни од условите на универзитетите и високите школарани, а бараат и оставка од премиерот Еди Рама. На вчерашниот протест во Тирана тие фрлаа камења, молотови коктели и пиротехнички средства кон полицијата. За првпат откако започнаа протестите, полицијата употреби гумени куршуми. Немирите продолжија…


