klik.world
Društvo Sjeverna Makedonija

Браќата Тејт признаа дека раскошот и богатството се лажна игра за влијание на социјалните мрежи

Браќата Тејт признаа дека раскошот и богатството се лажна игра за влијание на социјалните мрежи
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Максим Крстески·26. 08. 2026. 07:57:21

Судскиот случај околу британско-американските јавно влијателни личности Ендрју и Тристан Тејт, кои многумина ги оценуваат како инфлуенсери-мизогинисти, разоткри дека нивните блескави прикажувања на раскош и богатство, вклучувајќи и суперјахта од 50 милиони долари и паркот луксузни возила од 14 милиони долари - биле измислени за влијание на социјалните мрежи. Адвокатите на озлогласените браќа кои се во федерален притвор во Мајами и се борат против екстрадиција во Велика Британија по обвиненија за силување и трговија со луѓе, рекоа дека нивното покажување на социјалните медиуми било „театарска и евтина измама“, за да го разубават нивниот имиџ како ултрабогати „плејбои“. Видеата на дуото често прикажуваа „Астон Мартин“ од 2,1 милион долари и пар спортски автомобили „Бугати“ вредни вкупно 12 милиони долари - но сите три автомобили биле „изнајмени“ реквизити, призна нивниот правен тим. Суперјахтата од 50 милиони долари што ја покажуваат, пак, исто така, „не им припаѓа на Тејтови“, се наведува во документите, додавајќи дека тие „примиле исплата за промоција на бродот“ на интернет-просторот. За многумина „шокантните“ откритија беа направени само за да се негира дека браќата се толку богати што претставуваат ризик од бегство доколку бидат ослободени. Нивниот правен тим призна во петиција од 28 страници каде што се поддржува барањето на…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti