Божиновска за Денот на рударите: Историски највисока наплата на концесиски надоместоци во 2025 година, наша цел е развој на модерно, конкурентно и одговорно рударство

Во 2025 година во Македонија биле произведени 130.174 тони бакарен, оловен и цинков концентрат, при што рударството учествувало со 10,9 проценти во индустриското производство и со 2,8 проценти во вкупниот извоз на државата - истакна министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска на одбележувањето на Денот на рударите. Таа посочи дека во истата година приходите од концесиски надоместоци достигнале над 1,22 милијарда денари, што е историски највисока наплата, а позитивниот тренд продолжува и во 2026 година. - Овие резултати не се случајни. Тие се производ на подобрениот систем на наплата, засилениот институционален надзор, почестите контроли и поодговорниот однос кон користењето на природните ресурси, кои се добра од општ интерес - истакна Божиновска. Министерката нагласи дека рударството претставува значајна стопанска гранка и основа за развој на многубројни други индустрии, но додаде дека безбедноста на работниците мора да остане врвен приоритет. - Ниеден тон произведена руда и ниедна инвестиција не вредат повеќе од човечкиот живот. Затоа безбедноста мора да биде култура на однесување во секој рудник, во секоја смена и на секое работно место - истакна Божиновска. Според неа, целта на државата е развој на модерно, конкурентно и одговорно рударство, усогласено со европските стандарди, со јасни правила, силни институции и…


