klik.world
Biznis Sjeverna Makedonija

Божиновска: Поддршката за стабилноста на пазарот на горива продолжува

Божиновска: Поддршката за стабилноста на пазарот на горива продолжува
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Тале Кристо·20. 10. 2026. 15:19:33

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ги поздравува активностите на ОКТА за ублажување на ценовните притисоци и поддршка на стабилноста на домашниот пазар на горива. Од 20 октомври до 2 ноември, ОКТА ја продолжува иницијативата за попуст од 2 денари по литар дизел-гориво, со што се обезбедува дополнителна поддршка во услови на нестабилност на светските енергетски пазари. Ваквите иницијативи се значајни за домашната економија, стопанството и граѓаните, особено во период кога стабилноста на цените на енергенсите има директно влијание врз трошоците на компаниите и животниот стандард. Според најавите, вкупната поддршка на ОКТА за домашниот пазар од март годинава се очекува да достигне околу 8 милиони евра. Министерството останува посветено на обезбедување сигурно снабдување со енергенси, стабилен пазар на горива и координација со релевантните чинители, со цел ублажување на ценовните притисоци и заштита на стандардот на граѓаните.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti