Божиновска на терен: Стратешкиот проект што ќе ја промени енергетската слика – интерконекторот со Грција се гради со забрзано темпо

Гасоводниот интерконектор кон Грција влегува во значително поинтензивна фаза на реализација. По интензивната координација меѓу Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, НОМАГАС и грчкиот оператор ДЕСФА, динамиката на изградбата е засилена, а проектот веќе бележи видлив напредок на терен. Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, заедно со претставници на Министерството, ДЕСФА и НОМАГАС изврши увид во градежните активности на трасата на гасоводниот интерконектор со Грција. при што беа информирани од изведувачот за текот на проектот, како и дека се создадени услови за значително забрзување на изградбата. Во моментов се завршени 95 проценти од експропријацијата, расчистени се околу 85 проценти на трасата, а завршено е и производството на сите цевки предвидени за проектот. Досега се испорачани цевки во должина од 34 километри, од кои 21 километар се веќе распоредени долж трасата. Извршено е заварување на 13,7 километри цевковод, реализирани се повеќе од 800 успешни заварувања, а над 6300 метри цевка се веќе положени во земја. Паралелно, завршени се шест од седумте планирани премини под патишта, а обезбедени се и околу 65 проценти од придружните објекти - блок-станиците. Изведувачот е дополнително технички доопремен со автоматски машини за заварување, што ќе овозможи значително забрзување на работите и исполнување на…
Povezane vijesti

Električni pikap od 22.900 dolara koji mijenja pravila

Nakon Ultre provjerili smo što turiste zaista dovodi u Split. Ove odgovore nismo očekivali
