klik.world
Region Sjeverna Makedonija

Божиновска и Ризваноли: Посилно енергетско партнерство за посигурен регион – „Колку повеќе сме поврзани како соседи, толку сме посигурни како држави“

Божиновска и Ризваноли: Посилно енергетско партнерство за посигурен регион – „Колку повеќе сме поврзани како соседи, толку сме посигурни како држави“
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Максим Крстески·03. 07. 2026. 11:56:51

Во рамки на Неформалниот министерски совет на Енергетската заедница во Приштина, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска оствари билатерална средба со министерката за економија на Косово Артане Ризваноли, на која беше потврдена заедничката определба за продлабочување на енергетската соработка меѓу двете земји. Во фокусот на разговорите беа регионалното енергетско поврзување, сигурноста во снабдувањето, диверзификацијата на енергетските извори и забрзаната интеграција на регионот во единствениот европски енергетски пазар. Министерката Божиновска истакна дека денешните предизвици бараат партнерства што ги надминуваат националните граници и дека Западен Балкан мора да настапува како поврзан и отпорен енергетски простор. „Енергетската безбедност денес не се гради поединечно, туку заеднички. Колку повеќе сме поврзани како соседи, толку сме посигурни како држави. Македонија останува силно посветена на регионалната соработка, затоа што само преку заеднички инфраструктурни проекти, интегрирани пазари и координирани политики можеме да обезбедиме стабилно, сигурно и достапно снабдување со енергија за нашите граѓани и стопанството“, истакна Божиновска. На средбата беше оценето дека регионалната инфраструктурна поврзаност и развојот на нови енергетски коридори претставуваат клучен предуслов за поголема енергетска независност, подобра отпорност на идни кризи и привлекување нови инвестиции во регионот. Двете министерки ја потврдија подготвеноста за интензивирање на институционалната соработка и за координиран пристап во реализацијата…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti