klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Божиновска: Градиме почиста, позелена и попросперитетна иднина

Божиновска: Градиме почиста, позелена и попросперитетна иднина
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Максим Крстески·26. 06. 2026. 11:38:10

„Македонија направи јасен стратешки избор: нашата иднина е зелена, енергетски сигурна и одржлива. Eнергетската политика повеќе не се однесува само на производство на електрична енергија. Таа се однесува на економската конкурентност, јавното здравје, заштитата на животната средина и подобрувањето на квалитетот на живот на нашите граѓани“, истакна министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска на денешниот состанок на Третиот управувачки комитет во рамките на Програмската рамка помеѓу Сида и УНДП. На состанокот присуствуваа министерот за локална самоуправа, Златко Перински, амбасадорот на Шведска во земјава, Ола Солстром, постојаниот претставник на Развојната програма на Обединетите нации (УНДП), Армен Григорјан, како и претставници на локалната самоуправа и институции. Изразувајќи благодарност на Шведска и УНДП за нивната континуирана поддршка, министерката Божиновска потенцираше дека взаемното партнерство ни помогнало да изградиме посилни институции, да развиеме иновативни решенија и да ги забрзаме реформите кои носат реални придобивки за нашите граѓани. „Владата останува цврсто посветена за резултатите постигнати преку овие напори да станат дел од нашите долгорочни национални политики. Заедно, не само што се справуваме со денешните предизвици — туку градиме почиста, позелена и попросперитетна иднина за Македонија“, рече министерката Божиновска. Ова партнерство, според министерката, покажува како меѓународната соработка, националната сопственост и локалната акција можат заеднички…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti