klik.world
Politika Sjeverna Makedonija

Бојковска: По три децении чекање, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ го реализира проектот за железничко поврзување со Бугарија

Бојковска: По три децении чекање, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ го реализира проектот за железничко поврзување со Бугарија
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Валентина Стојановска·06. 08. 2026. 15:08:43

Драгана Бојковска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник објави статус на својот фејсбук профил интакнувајќи ја огромната важност за Македонија, а особено за источниот дел на Македонија. Во продолжение интегрален дел од статусот: [facebook_post url="https://www.facebook.com/story.php?story_fbid=1395391792748941&id=100068343993945&mibextid=wwXIfr&rdid=FEVfhbV1R2VAU7zc#"] „Македонија се сака со дела – кога вистински се гради и развива! По три децении чекање, празните ветувања конечно стануваат реалност. Изградбата на железничкото поврзување со Бугарија наместо проект заглавен на „половина тунел“, добива целосна финансиска конструкција и функционална завршница со Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и премиерот Христијан Мицкоски! Со силна поддршка од Европската Унија, ЕИБ, ЕБОР и грант од 169 милиони евра, обезбедивме инвестиција што носи вистинска додадена вредност за македонската економија. Ова е од огромна важност за Македонија, а особено за источниот дел ! За граѓаните, но и за развој на бизнисите. Претходната влада на СДСМ измислуваше имагинарни километри автопат и работеше исклучиво за сопствени интереси, а парите на граѓаните се трошеа без ниту еден корисен проект за народот. Денес, истите тие излегуваат на прес-конференции, критикуваат и се лутат зашто во Македонија конечно се гради и се работи. РАБОТА е разликата помеѓу нив и нас. ИНВЕСТИРАЊЕ во граѓаните е разликата помеѓу нив и нас. Покажуваме дека можеме подобро и дека има разлика…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti