klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Бојковска: Досега се обезбедени 31,7 милиони евра од Планот за раст, токму во делот на дигиталната трансформација

Бојковска: Досега се обезбедени 31,7 милиони евра од Планот за раст, токму во делот на дигиталната трансформација
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Валентина Стојановска·02. 07. 2026. 09:06:20

ВМРО-ДПМНЕ покажа дека реформите доаѓаат со многу труд, работа и одговорност, и носат конкретни резултати. Еден од најважните приоритети на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е Реформската агенда. Нејзиното спроведување е доказ дека Македонија конечно има јасен план, институционална дисциплина и политичка волја да испорачува резултати, изјави Драгана Бојковска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник. „Особено значаен дел од Реформската агенда е дигиталната трансформација, област во која Македонија веќе бележи конкретен и мерлив напредок. Преку исполнување на чекорите од Реформската агенда, досега се обезбедени 31,7 милиони евра од Планот за раст, токму во делот на дигиталната трансформација. Тоа се средства кои доаѓаат поради исполнети обврски. Тоа се средства кои се резултати на реформи, донесени закони и јасна посветеност на државата да се движи напред. Ова е суштината на пораката дека Македонија забрзува. Забрзува во реформите, забрзува во дигиталната трансформација и забрзува во испораката на резултати за граѓаните“, потенцира Бојковска. „Дигиталната трансформација значи конкретна промена за граѓаните од услуги без непотребно чекање, до помалку бирократија, поедноставни процедури и институции кои работат побрзо и поефикасно. Токму тоа го прави Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Во 2025 година беше донесен најголемиот пакет на закони во областа на дигиталната трансформација. Тој реформски пакет ги поставува…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti