Бојковска до Лукаревска: Треба да имате дигнитет за да зборувате за кадровски решенија, владата на СДС ќе остане запаметена по тендерите на Филипче и пасошите кои ги дававте на белосветските криминалци

Треба да имате дигнитет за да зборувате за кадровите решенија коишто се случуваат во Владата, бидејќи вие доаѓате како поранешни министри, поранешни директори, сега сте пратеници од страна на СДС и секојпат кога зборуваме за политиките за мене најздраво е да се споредиме бидејќи само така можеме да видиме дали нешто правиме позитивно или правиме негативно и сè додека сме тука ќе слушате споредби“, рече пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Драгана Бојковска, на денешната собраниска седница. Бојковска потсети дека СДС беше на власт до пред две години, а не до пред една деценија и укажа во каква состојба беше затекната државата во моментот кога власта, пред две години, ја презеде ВМРО-ДПМНЕ. -Јавните финансии под тотален притисок, двоцифрана инфлација претходно со вас, 9 милијарди евра долг со сè камати коишто оваа Влада треба да ги исплати, вие како директор на Управата за јавни приходи, морам да споредам, дека имавте исто така помало ниво на наплата на даноци наспроти сега каде што ја стабилизираме економијата, каде што имаме, во јуни месец, и најниска инфлација во регионот. Тоа се фактите, тоа не се податоци од штабот на СДС, кажа Бојковска. Пратеничката Бојковска се осврна и на секторот транспорт и истакна дека сега се…
Povezane vijesti

Pirc Musarjeva bo gostila šefe opozicijskih strank

NOVA DRAMA U REPUBLICI SRPSKOJ: Vukanović otkrio detalje -'Stevandić je zabio nož u leđa Petru Đokiću, ali indirektno i Miloradu Dodiku..'
