Близу 350 лица викендов прегледани во Гостиварската болница со симптоми на ентероколит, три лица се хоспитализирани

Министерството за здравство соопшти дека надлежните здравствени институции продолжуваат со интензивно следење и истражување на зголемениот број лица со симптоми на гастроентероколит на подрачјето на Гостивар. Во тек се теренски увиди, епидемиолошки анкети и консолидација на пристигнатите пријави, по што Центарот за јавно здравје од Тетово како надлежен треба да донесе соодветна одлука, наведуваат до МЗ. -Во периодот од 18 јули во 08:00 часот до 19 јули во 08:00 часот, во Општата болница во Гостивар се регистрирани: 204 прегледи на Инфективното одделение, при што три лица се хоспитализирани; 140 прегледи на Педијатриското одделение, од кои 105 нови и 35 контролни и девет прегледи во Ургентниот центар. Клиничката слика кај најголемиот број пациенти е лесна, а бројот на хоспитализирани лица останува низок. Сепак, поради зголемениот број заболени во краток временски период, состојбата се третира како активен епидемиски настан и се спроведуваат сите потребни епидемиолошки, лабораториски и превентивни активности, наведуваат од Министерството за здравство. Воедно, се додава дека Подрачната единица на Центарот за јавно здравје во Гостивар врши теренски увиди, епидемиолошки анкети и прибирање податоци од заболените. Досега се доставени околу 140 формални пријави за заразна болест, кои се обработуваат од страна на епидемиолошките тимови на ЦЈЗ Тетово и Институтот за јавно…
Povezane vijesti

Фото: Ќе направи ли Мис Бум Бум нова тетоважа со ликот на Меси

Živi, pulsirajući dokaz ljudske raznolikosti: U ovom gradu govori se više od 800 jezika
